• четврток, 04 декември 2025

Конате е задоволен од силната сезона на Ливерпул, но постави подеднакво високи цели за следната година

Конате е задоволен од силната сезона на Ливерпул, но постави подеднакво високи цели за следната година

Париз, 5 јуни 2025 (МИА) - Францускиот фудбалер Ибрахима Конате е задоволен од силната сезона што ја остави зад себе со Ливерпул, но ги уверува навивачите дека шампионите нема да се потпираат на стара слава. Тој, исто така, постави цел за следната година - одбрана на титулата во англиското првенство или освојување на Лигата на шампионите.

Конате не го започна првиот натпревар како стартер, но потоа го освои местото до Вирџил ван Дајк во центарот на одбраната и одигра 2.565 минути во Премиер лигата.

-Не го започнав првиот натпревар од сезоната, но влегов на пауза. Од тој момент, целта беше една - сакав да освојам сè и да не престанам да се обидувам. Не сакав никому да му оставам шанса. Ниту на луѓето што играат на мојата позиција, ниту на противниците. Ова се случи и сум многу задоволен од сезоната што ја имавме, но нема да се потпираме на стара слава. Ние сме шампиони и тоа е одлично, но ова не е крај. Сакам повторно да бидеме први или да ја освоиме Лигата на шампионите. Нема да ја заборавиме оваа титула, но ќе ја оставиме зад нас. Мора да го направиме она што го направивме оваа година, изјави Конате за „Атлетик“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан