• петок, 22 ноември 2024

„Комунална хигиена“: Непрописно одложен опасен отпад во општина Карпош

„Комунална хигиена“: Непрописно одложен опасен отпад во општина Карпош

Скопје, 12 јуни 2023 (МИА) - Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје констатираше непрописно одлагање отпад од автомобилски гуми, од страна на непознати сторители, на улицата „Никола Парапунов“ во скопската општина Карпош, информираат утрово од претпријатието.

- Автомобилските гуми спаѓаат во категоријата опасен отпад и нивното одлагање на јавни површини претставува директно прекршување на Законот за јавна чистота. ЈП „Комунална хигиена“- Скопје нема надлежност за собирање и транспорт на овој тип на отпад, посочува директорката на претпријатието Косана Николиќ Мазнева во писмена изјава.

Од претпријатието апелираат граѓаните внимателно да ракуваат со опасниот отпад и да го одлагаат исклучиво кај колективните постапувачи, со што значително ќе придонесат за заштита на животната околина и јавното здравје.

- ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје учествуваше во координирана акција со градските јавни претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“ за чистење на реонот на Милениумскиот крст на планината Водно. Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје спроведоа метење и празнење на корпите за ситни отпадоци, како и подигнување на отпадот од Планинарскиот дом и околните угостителски објекти. Во рамките на акцијата беа собрани и транспортирани приближно три кубни метри мешан комунален отпад, се наведува во соопштението на претпријатието. бд/dma/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

Остани поврзан