„Комунална хигиена“: Заостанат долг може да се плати без камата заклучно со 31 март
- Можноста за плаќање на заостанатиот долг без пресметана камата се однесува и на физичките лица и на правните лица, се нагласува во денешното соопштение.

Скопје, 15 февруари 2023 (МИА) - Корисници коишто имаат заостанат долг за собирање и транспортирање комунален отпад, тужени и редовни, од денеска, заклучно со 31 март, имаат можност истиот да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање, информираат од ЈП „Комунална хигиена“ во Скопје.
- Можноста за плаќање на заостанатиот долг без пресметана камата се однесува и на физичките лица и на правните лица, се нагласува во денешното соопштение. бд/сст/