• петок, 05 декември 2025

Компани: Германскиот куп е многу важен за Баерн

Компани: Германскиот куп е многу важен за Баерн

Минхен, 27 август 2025 (МИА) - Пред натпреварот од 1/32 финалето на Германскиот куп против Вехен, главниот тренер на Баерн, Винсент Компани, ја истакна важноста на турнирот за тимот од Минхен.

-Овој турнир е, секако, многу важен! Го почувствував тоа минатата сезона. Навивачите се воодушевени. Ова не е било каков натпревар. Гладот ​​е уште поголем бидејќи помина долго време откако беше освоен последниот трофеј. Утре е првото финале, тоа е најважното, изјави Компани за клупскиот сајт на Баварците.

Баерн е 20-кратен победник на Купот на Германија. Тимот последен пат го освои овој трофеј во 2020 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан