• петок, 05 декември 2025

Комо се договори со Милан за трансферот на Мората

Комо се договори со Милан за трансферот на Мората


Рим, 28 јули 2025 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Комо го договори со Милан трансферот на шпанскиот напаѓач Алваро Мората.
„Договорот за Мората е готов. Се договоривме за условите и постигнавме договор со Милан за секој детаљ од договорот“, изјави денеска претседателот на Комо, Мирван Суварсо.
„Во моментов само чекаме Милан да разговара со Галатасарај, ние си ја завршивме работата“, додаде индонезискиот бизнисмен.
Мората ја мина пролетта како позајмен играч во истанбулскиот гигант, а Комо ќе биде неговиот трет тим во Италија, откако играше и за Јувентус и Милан. ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан