Комо не го пушта Фабрегас во Баер Леверкузен
- Комо го информирал Баер Леверкузен дека нема намера да го пушти главниот тренер на тимот, Сеск Фабрегас, според информациите на инсајдерот Фабрицио Романо. Според информациите, 37-годишниот Шпанец е вклучен во долгорочно планирање на иднината на италијанскиот клуб
Комо, 13 мај 2025 (МИА) - Комо го информирал Баер Леверкузен дека нема намера да го пушти главниот тренер на тимот, Сеск Фабрегас, според информациите на инсајдерот Фабрицио Романо. Според информациите, 37-годишниот Шпанец е вклучен во долгорочно планирање на иднината на италијанскиот клуб.
Претходно беше објавено дека Баер Леверкузен, Рома, РБ Лајпциг и други европски клубови се заинтересирани за услугите на Фабрегас.
Младиот стручњак е на чело на Комо од летото 2024 година. Под негово водство, дебитантот во Серија „А“ е на 10-то место на табелата со 48 бода по 36 кола. дс
Фото: Архива