• недела, 22 декември 2024

Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата

Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата на која на дневен ред се повеќе точки. 

Пратениците треба да расправаат за утврдување предлог-одлуки за избор на здруженија од областа на човековите права, полициското право и правосудството, за Народниот правобранител-механизам за граѓанска контрола, за именување член на Комисијата на Агенцијата за пошти, за разрешување и именување на претседател и членови на Советот за статистика на Република Северна Македонија, за именување на претседател и член на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство,
за именување на член на Државната комисија за жалби по јавни набавки, за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Комисијата треба да ги утврди и предлог-одлуките за именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза", за именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски", за именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин", за именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „22 Ноември" и за именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски". ев/вг/

Остани поврзан