• среда, 20 ноември 2024

Комисијата за избори и именувања ја утврди листата на кандидати за член на ДИК

Комисијата за избори и именувања ја утврди листата на кандидати за член на ДИК

Скопје, 13 декември 2023 (МИА) - Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања на денешната седница ја утврди листата на кандидати за член на ДИК, потврди за МИА пратеникот на Движењето „Беса“ Фадил Зендели.

Пријавени се пет кандидати за нов член на ДИК - Беат Даути дипломиран правник, Абдуш Демири економист, Роберт Трајковски и Зулфи Адили. По утврдувањето, клистата ка кандидати треба да се најде на усвојување на пленарна седница.

Претпладнево, седницата на собраниската Комисија за прашања на избори и именувања беше прекината расправата за утврдување листа на кандидати за член на ДИК откако претседателката на Комисијата Марија Георгиевска истакна дека кандидатот на опозицискиот Европски сојуз за промени - Абдуш Демири не ги исполнува потребните критериуми, затоа што е генерален секретар на партија, на што бурно реагираше пратеникот на албанската опозиција Фадил Зендели велејќи дека тоа не е точно.

Зендели посочи дека со документите при пријавата на јавниот оглас била доставена и нотарска изјава која потврдува дека лицето не е носител на функција генерален секретар на партија. фф/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан