• четврток, 30 јануари 2025

Комеморативен настан „УКИМ се сеќава: 80 години од ослободувањето на Аушвиц“

Комеморативен настан „УКИМ се сеќава: 80 години од ослободувањето на Аушвиц“

Скопје, 28 јануари 2025 (МИА) - Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска се одржал комеморативниот настан „УКИМ се сеќава: 80 години од ослободувањето на Аушвиц“, во рамки на   одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, како и во сеќавање на 7144 македонски Евреи кои беа убиени во текот на Втората светска војна. 

На комеморацијата се обратиле проректорката на УКИМ, проф. д-р Соња Топузовска, деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р Сашо Георгиевски, директорот на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Горан Садикаријо, и раководителот на Универзитетската програма за изучување на холокаустот, проф. д-р Мишо Докмановиќ. 

-Во рамките на настанот беа доделени и сертификатите за завршените универзитетски курсеви за изучување на холокаустот на 51 студент на УКИМ, кои во изминатиот семестар ја следеа програмата организирана на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е еден од двата европски универзитета кои во 2023 година го добија престижниот грант на Конференцијата на еврејските материјални побарувања од Германија од Њујорк, што овозможува реализација на програмата на курсеви за изучување на холокаустот, се наведува во соопштението од УКИМ. хс/дма/ 

Фото: Правен факултет „Јустинијан Први“ на УКИМ 
 

Остани поврзан