• четврток, 26 март 2026

Коман би можел да го напушти Баерн за Англија или Саудиска Арабија

Коман би можел да го напушти Баерн за Англија или Саудиска Арабија

Минхен, 12 април 2025 (МИА) - Кингсли Коман сака да го напушти германскиот гигант Баерн Минхен, пренесуваат германските медиуми.

За крилниот напаѓач се заинтересирани англиските клубови Арсенал и Тотенхем, како и некои клубови од Саудиска Арабија.

Забележано е дека трансферот не е приоритет за Спарс, бидејќи тимот од Лондон има пристап на чекање и гледање поради високата плата што играчот ќе ја бара.

Саудиските клубови од своја страна покажуваат сериозен интерес за Коман и планираат да испратат свои претставници во Минхен за да разговараат со раководството на Баварците. дс

Фото: Архива

Остани поврзан