• недела, 22 декември 2024

Командант на Иранската гарда: Техеран има обврска да му се одмазди на Израел

Командант на Иранската гарда: Техеран има обврска да му се одмазди на Израел

Техеран, 25 август 2024 (МИА) - Командантот на Револуционерната гарда на Иран, Хосеин Салами денеска повтори дека официјален Техеран има обврска да му се „одмазди“ на Израел за убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије на иранска територија.

„Ќе слушнете добри вести за одмазда, ако даде Бог“, рече Салами за време на инспекцијата на граничниот премин меѓу Иран и Ирак, додека илјадници шиитски аџии се упатија кон ирачкиот град Карбала на аџилак, пишува „Тајмс оф Израел“.

Според иранската државна новинска агенција, група аџии го опколиле Салами извикувајќи „Смрт за Израел“.

Исмаил Ханија, политичкиот водач на палестинската милитантна група Хамас, беше убиен во Иран на крајот на јули, а Иран го обвини Израел за неговата смрт. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан