• петок, 05 декември 2025

Командант на вооружените сили на Иран: „На врвот сме на борбената подготвеност“

Командант на вооружените сили на Иран: „На врвот сме на борбената подготвеност“

Техеран, 13 мај 2025 (МИА) - Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Иран, генерал-мајор Мохамед Бакери, ја истакна борбената и оперативната подготвеност за справување со непријателски активности, објави иранската новинска агенција ИРНА.

- Во однос на борбените способности и подготвеноста,, ние сме во најдобра форма. Благодарение на Бога, нашите вооружени сили се во најдобра состојба во однос на собирање разузнавачки податоци, оперативно планирање и подготвеност за спроведување на сценарија, изјави Бакери.

Генералот додаде дека сите оперативни планови и услови биле проверени за време на неговата инспекција во поморската база во Бандар Абас, изразувајќи уверување дека иранските вооружени сили се во оптимална состојба во однос на обуките и маневрите.

- Нашиот совет до противниците е да не го потценуваат Иран. Доколку предизвикаат конфликт, Исламската Република Иран ќе ги контролира местото и времето на одговорот, предупреди генерал-мајорот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан