Колумбија прогласи вонредна состојба поради жолта треска и смртни случаи
- Колумбиската влада доцна вчера прогласи вонредна состојба низ целата земја поради зголемување на случаите на жолта треска.

Богота, 17 април 2025 (МИА) - Колумбиската влада доцна вчера прогласи вонредна состојба низ целата земја поради зголемување на случаите на жолта треска.
Епидемијата доведе до 74 потврдени случаи и 34 смртни случаи од почетокот на 2024 година, изјави министерот за здравство Гиљермо Алфонсо Јарамило.
Жолтата треска е вирусна болест која се пренесува преку каснување од комарец. мс/
фото: МИА архива