• недела, 12 мај 2024

Колона: Франција не планира воена интервенција во Нигер

Колона: Франција не планира воена интервенција во Нигер

Париз, 31 јули 2023 (МИА) – Француската министерка за надворешни работи, Кетрин Колона ги негираше денеска обвинувањата од новата нигериска хунта дека Париз планира воена интервенција во Нигер.

Тоа е погрешно, изјави Колона за БФМ.

Таа додаде дека сè уште е „можно“ и „неопходно“ да се врати соборениот претседател Мохамед Базум на власт. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан