• петок, 22 ноември 2024

Количеството на вакцини ја надминува побарувачката, но тие сè уште се нееднакво достапни

Количеството на вакцини ја надминува побарувачката, но тие сè уште се нееднакво достапни
16 април 2022 АФП По две години обид да се вакцинира светот против Ковид-19, бројот на достапни дози во многу области сега ја надминува побарувачката. Сепак, сè уште постои голем јаз во стапката на вакцинација меѓу богатите и сиромашните земји. Од почетокот на пандемијата, произведени се повеќе од 13 милијарди дози, од кои, според Меѓународната федерација на фармацевтски производители и асоцијации (ИФПМА), се искористени 11 милијарди. Здравствената истражувачка група Ерфинити (Airfinity) очекува оваа година да се произведат уште девет милијарди дози. Само Фајзер планира да произведе уште четири милијарди.
Сепак, побарувачката може да падне на шест милијарди дози оваа година, тврди извршниот директор на ИФПМА, Томас Куени. „Од средината на 2021 година, светското производство на вакцини ја надмина побарувачката и оттогаш разликата само се зголемува“, рече Куени за АФП. До следната година, производството би можело да ја надмине побарувачката за помеѓу 1,3 и 3,1 милијарди дози, додаде тој. Многу побогати земји сега се соочуваат со вишоци. Европската унија и земјите од Г7 на крајот на минатиот месец имаа вишок од 497 милиони дози, поради што се стравува дека ќе пропаднат. Вакцините имаат релативно краток рок на траење, на пример АстраЗенека и Новавакс траат само шест месеци. Од Ерфинити велат дека досега поминал рокот на 241 милион дози. И покрај ова, милијарди луѓе ширум светот, главно од земјите во развој, сè уште се невакцинирани. Милијарди невакцинирани Ковакс, меѓународно јавно-приватно партнерство предводено од СЗО и Глобалната алијанса за вакцина и имунизација (ГАВИ), испорача 1,4 милијарди дози во 145 земји - значително помалку од планираните две милијарди дози до крајот на 2021 година. Тедрос Аданом Гебрејесус, шеф на Светската здравствена организација, предупреди дека нееднаквоста во пристапот до вакцината може да резултира со развој на нова, уште позаразна варијанта на коронавирусот. СЗО сака да вакцинира 70 отсто од светското население до јуни, но бројот на вакцинирани луѓе е нерамномерен. На пример, според Универзитетот во Оксфорд, речиси 80 отсто од француското население примило две дози, додека само 15 отсто од африканското население било целосно вакцинирано. Во просек, 42 отсто од населението од 92 земји со низок и среден приход што учествуваат во Ковакс добија единечна доза. „Нееднаквоста во пристапот до вакцината е најголемиот морален неуспех на нашето време, а данокот го плаќаат луѓето и земјите“, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, претходно оваа година. Од Ковакс велат дека моментално имаат доволно дози за да вакцинираат приближно 45 отсто од населението во 92 земји кои примаат донации. Но, 25 земји од таа категорија ја немаат потребната инфраструктура за ефикасна имунолошка кампања. Работите да бидат уште полоши, многу земји во развој добиваат дози кои имаат краток рок на траење. Директорката за снабдување на УНИЦЕФ, Етлева Кадили, рече дека повеќе од 100 милиони дози биле одбиени во декември, „повеќето поради датумот на истекување на производот“. Застој поради патенти Земјите како Јужна Африка и Индија долго време ја повикуваат Светската трговска организација да ги суспендира правата на интелектуална сопственост за вакцините и за лекување на Ковид-19 со цел да се поттикне масовното производство. По жестокото противење од фармацевтските гиганти, минатиот месец беше постигнат првиот компромис меѓу САД, Европската унија, Индија и Јужноафриканската република. Сепак, неколку клучни земји како што е Швајцарија се уште не го потпишале договорот. Лекари без граници, исто така, велат дека има „клучни ограничувања“ на договорот, така што тој опфаќа само вакцини и само некои географски области. Фармацевтските компании тврдат дека патентите не се единствениот реален проблем. Куени од ИФПМА, голема фармацевтска лоби група, вели дека проблем сега е логистиката. „Сега ни требаат пари за да обезбедиме складирање, транспорт, повеќе обучени здравствени работници и кампањи против дезинформации: ова се вистински предизвици, а не откажување од патенти“, рече тој. Се закануваат нови варијанти Актуелни се вакцините насочени на вирусот што го погоди светот до 2020 година. Иако тие ефикасно го намалуваат ризикот од развој на потешка форма на болеста, обезбедуваат само делумна заштита - особено од поновите варијанти како што е сега доминантниот Омикрон. Неколку производители на вакцини почнаа да тестираат вакцини насочени кон варијантата Омикрон. Доколку бидат одобрени од здравствените работници, би можело да бидат достапни за неколку месеци, и покрај доцнењето. Иако милијарди луѓе сè уште не ја примиле ниту првата доза, САД, Франција, Велика Британија и Израел почнаа да ја даваат четвртата доза, прво на најранливите групи. Минатата недела, европската регулаторна агенција ЕМА, исто така, одобри втора засилувачка доза за лица над 80 години. „Ниту една земја нема да ги избегне бустерите во пандемијата“, предупреди Тедрос. паг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан