• сабота, 21 декември 2024

Колева: На ДПМНЕ не му пречеше Талат Џафери кога беше министер за одбрана во нивна Влада

Колева: На ДПМНЕ не му пречеше Талат Џафери кога беше министер за одбрана во нивна Влада

Скопје, 23 јануари 2024

Пратеничката на СДСМ Даниела Колева за „Топ тема“ на телевизија Телма истакна дека обврската за формирање техничка влада составена и од власта и од опозицијата, 100 дена пред парламентарни избори, е законска и изрази надеж дека до петок кога почнува расправата предлогот за техничка влада ќе биде во полн состав и опозицијата ќе гласа.

-Техничката влада е важна карика за одржување фер и демократски избори, се прави паралела и евидентно е какви биле изборните процеси пред 2016 и после 2016 година, кои се навистина со добри оценки и пофални зборови од ОБСЕ, ОДИХР и ЕК и нема нерегуларности, како пред 2015 година, нагласи Колева.

Колева истакна дека одговорна партија не е таа што секој месец го менува својот став како ДПМНЕ.

Зошто би предлагале министри и заменици, а не би ги гласале? праша Колева.

-На ДПМНЕ не му пречеше Талат Џафери 2012/13/14 година кога беше министер за одбрана заедно во коалиција со ДПМНЕ. ДПМНЕ знаат дека ќе изгубат на изборите и ова го прават за да имаат адут во ракав, за да велат дека не биле легитмни изборите, нагласи Колева.

Се што правевме изминатиот период е она што може Македонија да ја однесе напред кон Европската унија, меѓутоа отспортива имаме една опозиција која што дефинитивно ги кочеше сите процеси, рече  пратеничката на СДСМ Даниела Колева за „Топ тема“ на телевизија Телма.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

_______________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан