• петок, 22 ноември 2024

Кокс: СЕ ќе ги удвои напорите за да им помогне на земјите од ЗБ да постигнат опиплив напредок кон ЕУ-интеграцијата

Кокс: СЕ ќе ги удвои напорите за да им помогне на земјите од ЗБ да постигнат опиплив напредок кон ЕУ-интеграцијата

Скопје, 20 окотмври 2023 (МИА) -Советот на Европа ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија и регионот на Западен Балкан за постигнување на опипливи и мерливи резултати во реформите, порача претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Тини Кокс во воведното обраќање на Конференцијата за Меѓупарламентарен дијалог за понатамошно унапредување на европската интеграција на Западен Балкан, што законодавниот дом на Република Северна Македонија ја организира заедно со ПССЕ. 

-Зајакнувањето на демократската отпорност, почитувањето на владеењето на правото и човековите права, промовирањето на помирувањето и добрососедските односи и создавање на услови за посилен еконоски и социјален напредок на Западен Балкан сите овие елементи заедно би можеле да бидат ефективна геостратешка инвестиција во мирот, стабилноста и демократската безбедност за цела Европа како што е и формулирано во нашата минатогодишна Резолуција. Токму поради тоа нашето Парламентарно собрание верува дека со тоа што им помага на Албанија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово да ги остварат своите аспирации за потесна европска интеграција е многу важно не само за самите земји туку и за европскиот континент и за 700-те милиони европски граѓани, рече Кокс.

Тој се осврна на Солунската агенда од 2003 и на неуспехот да се награди напредокот, кој како што рече, го намали ентузијазмот кај граѓаните од овој регион, а собено кај младите кои се песимистични за изгледите за членство во ЕУ. Европската визија, според Кокс, го изгуби својот сјај и повторно се појави етнонационализмот, а ова е причина, вели да бидеме загрижени, како и должност да дејствуваме без да губиме повеќе време.

-Не можеме да си го дозволиме тоа. Оттука Собранието лани повика за давање нов поттик на процесот на проширување.Затоа Собранието сега ги поттикнува земјите од ЗБ да се осврнат на нерешените предизвици како што е поларизираната политичка клима која што влијае на соработката помеѓу политичките сили и понекогаш води до интеринституционални ќорсокаци и конфликти. Исто така ги поттикнуваме земјите од Западен Балкан да се осврнат на прашањата на доброто владеење и владеењето на правото кои влијаат на независноста на судството и функционирањето на јавната администрација како и борбата против корупцијата. Нашето Собрание ги повикува земјите од ЗБ да се осврнат и на прашањата поврзани со правата на националните малцинства и малцинските заедници и постојаните поделби по етнички линии кои влијаат на многу аспкети од нашите животи, рече меѓу другото Кокс.  

Според него, има многу што да се направи, но Советот на Европа е тука спремен да помогне со својата експертиза во области на човековите права и владеењето на парвото.

-Собранието сака СЕ да ги удвои своите напори за да им помогне на земјите од ЗБ да направат опиплив и мерлив напредок кон оставрување на критериумите за проширувањето на ЕУ. СЕ исто така треба да игра поголема улога во промовирањето на ефективна и инклузивна регионална соработка нормализација на односите и решавањето на билатералните спорови рака под рака со ЕУ и дригите актери. Ги повикуваме сите земји членки на СЕ да ги поддржат напорите на земјите од ЗБ да ја продолжат својата евроинтеграција, да го поддржат спорведувањето на активностите од областа на соработката вклучително и на парламентарно ниво и да се обезбеди дека ЗБ ќе има напредок кон оствраување на криетериумите за ЕУ членство, нагласи меѓу другото Кокс.

Тој при тоа ја подвлече одлуката на Парламентарното Собрание на СЕ да има поголема улога во европската перспектива на регионот на ЗБ.

-Живееме во опасни и предизвикувачки времиња и овој регион тоа подобро го знае. Но предизвиците можат да се надминат доколку сакаме, можностите да се искористат, решенија може да се најдат ако се осмелиме. Историјата веќе е напишпана, но иднината се уште не, таа е наша и ваша, порача Кокс во обраќањето. вг/ев/

ФОТО: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан