Коко Гоф го освои трофејот на завршниот ВТА турнир
- Американската тенисерка Коко Гоф е победничката на завршниот ВТА турнир што се играше во Ријад.

Ријад, 9 ноември 2024 (МИА) - Американската тенисерка Коко Гоф е победничката на завршниот ВТА турнир што се играше во Ријад.
Во финалето Гоф вечерва ја совлада Женг Чингвен од Кина со 3:6, 6:4 и 7:6 (7:2). Мечот траеше 3 часа и 7 минути.
Гоф сервираше пет аса, направи четири двојни грешки и реализираше пет брејк топки од вкупно 14 шанси.
Чингвен имаше четири поени директно од сервис, една двојна грешка и пет конвертирани брејк топки од вкупно 12 можности.
Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 15,2 милиони долари. зс/
ЕПА