• петок, 22 ноември 2024

Ковид-19: Затворање за викенд на Кантонот Сараево поради влошена епидемилошка ситуација

Ковид-19: Затворање за викенд на Кантонот Сараево поради влошена епидемилошка ситуација
Сараево, 8 март 2021 (МИА) - Поради влошената епидемиолошка состојба, Кантонот Сараево воведува мерка затворање од петок во 20 часот до понеделник во 6 часот наутро, пренесува Кликс.ба. Ова го потврди премиерот на Кантонот Сараево Един Форто, а порталот дознава дека граѓаните ќе можат да се движат во тој период, но дека трговските центри и угостителските објекти нема да работат. Во тој период ќе работат аптеки, продавници за храна и бензински пумпи. ссм/

Остани поврзан