• понеделник, 23 декември 2024

Ковид-19/Косово: Втора фаза од 18 мај со олеснети мерки за малите бизниси и граѓаните

Ковид-19/Косово: Втора фаза од 18 мај со олеснети мерки за малите бизниси и граѓаните

Приштина, 16 мај 2020 (МИА) – Владата на Косово најави дека од 18 мај ќе се спроведуваат нови, олеснети мерки за заштита од епидемијата на Ковид-19, меѓу кои е и зголемувањето на времето што граѓаните можат да го поминуваат на отворено, од три, колку што е сега, на четири часа дневно.

Ккао што јави дописникот на МИА од Приштина, вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти изјави пред медиумите дека новите мерки подразбираат и отоврање на одредени бизниси на кои досега им беше забранета работата.

Меѓу другите, со работа ќе можат да почнат берберите и фризерите, стоматолозите, трговците на мало и зелените пазари, градскиот и меѓуградскиот сообраќај со посебни дозволи, уметничките галерии, музеите и други.

Како што информираа Курти и вршителот на должноста министер за здравство, граѓаните ќе можат да излегуваат, според нивните персонални броеви во личните документи, два пати на ден по два часа, наместо по еден и пол час, како што беше регулирано со досегашните мерки.

Институтот за јавно здравство на Косово во својот последен извештај за состојбата со пандемијата на Ковид-19, објави дека во земјата во четвртокот се извршени 300 тестирања, при што се потврдени 18 нови случаи на заразени од новиот коронавирус.

Вкупно заболени, од појавата, пред околу два месеци, на првите случаи на заразени се 945 лица. Во периодот на кој се однесува последниот извештај на косовските здравствени власти се забележани 19 излекувани од болеста и ниту еден починат.

Според овие официјалните статистики, во Косово има 690 излекувани и 29 починати од Ковид-19, што значи дека во земјата моментно има 226 активни носители на новиот коронавирус.

Вклучително вчерашните податоци, во Косово, заклучно со вчерашниот ден, се извршени вкупно 10.942 тестирања. иа/

Остани поврзан