Ковач: Барам посветеност и страст од сите, целта е Борусија да игра атрактивен фудбал
- Новиот тренер на Борусија Дортмунд, Нико Ковач ја даде својата прва официјална прес-конференција откако беше назначен на оваа функција.
Дортмунд, 4 февруари 2025 (МИА) - Новиот тренер на Борусија Дортмунд, Нико Ковач ја даде својата прва официјална прес-конференција откако беше назначен на оваа функција.
Изјави дека изминатите два дена ги искористил за да се запознае со сите и да ги види процесите.
-Мојот прв впечаток е многу позитивен. Многу сум среќен што сум овде. По десетмесечната пауза јас и мојот тим сме многу добро закрепнати и мотивирани. Јас сум вреден работник бидејќи од каде што доаѓам и начинот на кој сум воспитан, работите не се случуваат сами по себе. Сè што создадовме јас и моето семејство е резултат на напорна работа. Мислам дека затоа тука прилично добро се вклопив, започна Ковач.
Истакна дека заедно со раководството на клубот донеле одлука за новите засилувања.
- Секако дека беа подготвени многу работи, но јас бев вклучен во рана фаза. Сите се согласивме дека овие играчи ќе не направат подобри во овој момент, ги прокоментира тој трансферите.
Седи важен натпревар на домашен терен против Штутгарт.
- Барам посветеност и страст од сите на теренот. Ова го истакнавме на првиот тренинг. Тоа ја симболизира Борусија. Сакаме да играме атрактивен, добар напаѓачки фудбал - со многу длабоки пробиви. Ова ќе ни наштети нам, но ќе му наштети и на противникот. Се надевам дека ќе успееме да го реализираме тоа на краток рок. Сè се случува во главата, кога главата ти е чиста, можеш да ги прошириш своите граници како играч, изјави уште Ковач. дс
Фото: Принтскрин