• недела, 22 декември 2024

Ковачки: Договорот за добрососедство е изворот на сегашните проблеми

Ковачки: Договорот за добрососедство е изворот на сегашните проблеми
Скопје, 26 јануари 2022 

Истата еуфорија која се случува и сега, ја видовме и во 2017 година, тогаш Борисов беше првиот премиер кој ја посети Македонија, се потпишуваа меморандуми, договори и практично тој договор што тогаш се потпиша е изворот на сегашните проблеми. Заев тогаш не убедуваше сека сите проблеми со соседите се затворени, гледаме дека не се затворени и имаме блокада, изјави за Анализа на ТВ 24, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Ковачки истакна дека ветото дојде како резултат на ставањето на историјата во политичко правна рамка, форма, каде што историјата доби легалитет на политиката и да се преговара за неа.

- Тоа не треба да биде, бидејќи едно е да разговарате за инфраструктура, гранични премини, патишта, телекомуникациско поврзување, економија, трговија работи кои ќе го подобрат животот на граѓаните. Меѓутоа сите знаеме дека проблемот лежи во историјата, идентитетот на македонскиот народ, неговата етногенеза, култура и тоа е најголемиот проблем кој му го остави Заев на Ковачевски, а тој само го продолжува тоа, изјави Ковачки.

Ковачки нагласи дека проблемот е што владата се залепи на бугарската стратегија, и не седна да направи македонска стратегија со која ќе ги водат преговорите, а опозицијата и пратениците, како и граѓаните не се информирани што се преговара.

Тој потенцираше дека Ковачевски не добил легитимитет на избори за да ги води овие разговори со Софија и дека тоа што ни го преставуваат Петков како добар потврдува дека се налепиле на бугарската стратегија.

-  Каква чест  ни укажал Петков кога ни стави вето ни го лимитира економскиот просперитет и создава можности за дестабилизација? На прес конференција не сака да го спомене македонскиот јазик туку го споменува како јазикот кој вие сами си го нарекувате по Устав, Ова што сега се обидува да ни го продаде Бугарија, каде едниот е добар, а другиот лош, односно добриот треба да биде премиерот Петков, а лошиот претседателот Радев е само тактика, рече Ковачки.

Во однос на случувањата со Украина и изјавите на министерката за одбрана Славјанка Петровска и на Пендаровски, Ковачки истакна дека даваат несмасни изјави за Украина кои влегуваат во

 - Планираат да праќаат војници кои немаат униформа и ги хранат со неправилно месо, а сега прво што направија е да изјават дека генерираме сили за учество некаде. Тоа се работи  кои влегуваат во оперативна безбедност и да е така не треба да се кажува, истакни Ковачки.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Тагови

Остани поврзан