• понеделник, 15 јули 2024

Ковачи седми на трка во Италија

Ковачи седми на трка во Италија
Скопје, 2 април 2021 (МИА) - На трката, одржана во Јесоло Италија, македонскиот картинг возач Христо Ковачи го освои 7. место во класата "микромакс". - Првата трка од 21ви успеа да ја заврши на 12та позиција и од истата стартуваше во втората трка. Втората трка напредуваше со уште две позиции – заврши на 10та позиција. Третата трка од старт на десетта позиција успеа да заврши на 5та позиција, меѓутоа поради казна од три секунди официјално е седми во таа трка, појаснуваат од неговиот тим. Тимот АСК Рацинг кои го прателе и 2020 година забележале подобрување на неговите возачки способности и покрај големата пауза од тренинзи, ова се должело на неговата огромна желба и потенцијал за напредување и остварување на успеси во овој спорт. - Веруваме дека оваа година ќе имаме можност и да тренираме на патеките на кои ќе учествуваме за разлика до сега каде учеството беше директно на трка. Целта е да има повеќе тренинзи за постигнување на подобри резултати а со тоа и освојување на повеќе подиуми. Оваа година Христо Ковачи треба да земе учество во вкупно 11 трки и ќе се бори во четири шампионати: Централно Европска Зона, РМЦ Австрија, ССЦ Спорт Стил Купот и Српскиот Шампионат, покрај овие четири шампионати доколку се организира и Македонскиот Шампионат оваа година секако ќе учествуваме, додаваат од тимот. Оваа сезона за 2021 година првата трка ја реализираа во Јесоло, Италија, сега следуваат две трки во Белград, Србија и две трки во Птуј, Словенија; како и по една трка во Вранско, Словенија, Рехниц, Австрија, Брук, Австрија, Кечкемет, Унгарија и Нови Мароф, Хрватска. зс/

Остани поврзан