• вторник, 21 мај 2024

Ковачиќ од Челзи во Манчестер сити

Ковачиќ од Челзи во Манчестер сити

Лондон, 21 јуни 2023 (МИА) – Манчестер сити и Челзи ги договорија условите за трансфер на хрватскиот фудбалски репрезентативец Матео Ковачиќ во редовите на актуелниот англиски и европски првак, јавија денеска британските медиуми.

Сити на Челзи ќе му плати обесштетување од 30 милиони фунти, од кои 25 милиони фунти се фиксен дел, а пет милиони се потенцијални бонуси.

Преостанува Манчестер сити со Ковачиќ да ги договори личните услови за соработката.

Ковачиќ дојде во Челзи од мадридски Реал во 2018 година. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан