• понеделник, 23 декември 2024

Ковачевски ќе учествува на форумот „ГлобСек“ во Братислава

Ковачевски ќе учествува на форумот „ГлобСек“ во Братислава
Скопје, 2 јуни 2022 (МИА) - Претседателот на Владата Димитар Ковачевски од денес до петок ќе учествува на Форумот за безбедност „ГлобСек“ што се одржува во главниот град на Република Словачка, Братислава.
На форумот учествуваат шефови на држави и влади од Европа и светот и претставници на најзначајните меѓународни организации и тинк-тенк организации. Форумот ќе го отворат претседателката на Словачка Сузана Чапутова, украинскиот претседател Владимир Зеленски кој ќе има видео обраќање и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.
Премиерот Ковачевски, како што информираа од Владата, ќе учествува на панелот „Сега или никогаш: Откривање на европската иднина за Западен Балкан“, а предвидени се и неколку билатерални средби.
Форумот ГлобСек 2022 Братислава, како една од најважните меѓународни конференции посветена на безбедносните стратегии,годинава е фокусиран на три тематски столба - Мобилизацијата за поддршка и за акција за Украина и поширокото европско соседство, Мобилизацијата на ресурсите на Западот за да се зајакне отпорноста дома и Мобилизацијата на глобални коалиции за спротивставување на авторитарните режими. бак/

Остани поврзан