• среда, 27 ноември 2024

Ковачевски: За било каков сомнеж со „Соравија“ има институции што можат да го испитаат тоа

Ковачевски: За било каков сомнеж со „Соравија“ има институции што можат да го испитаат тоа

Скопје, 23 јни 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска не сакаше да го коментира купувањето на „Соравија“ од страна на внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и упати на надлежните институции доколку постои било каков сомнеж.

- Доколку некој изрази сомнеж во однос на било која трансакција тогаш за тоа се задолжени институциите кои тоа можат да го испитаат. Доколку имате прашања треба да ги поставите до оние кои се учесници во правниот промет, а тоа се приватните компании коишто учествуваат. Кој чиј роднина е, единствено се проверува во Централниот регистар, а она што најдобро ги потврдува аквизициите на компаниите, тоа е текот на финансиските средства кое единствено се проверуваат преку банките и преку управите во Министерството за финансии, изјави денеска Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

Претходно, денеска на прес-конференција претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска изјави дека не може да постапуваат бидејќи внукот на Ахмети не е избрано и именувано лице.  

- Веќе четири години кажуваме дека е неопходен закон за потекло на имот согласно кој, секој граѓанин ќе се изјасни од каде му се средствата за стекнување на имотот. Законот почна да се подготвува, се оформи работна група со поддршка на Советот на Европа уште од претходниот Кабинет за борба против корупцијата, кога беше вицепремиер Љупчо Николовски, почна постапката за овој закон, стигна до некоја драфт верзија, која од минатата година до пред две недели е во Кабинетот на вицепремиерката Грковска. Пред две недели не викнаа на состанок за да видиме дека е променет насловот на законот и тој веќе не е закон за потекло на имот, туку е закон за конфискација без донесување судска пресуда, што по мене е нелогично, бидејќи, како би се вршела конфискација ако не се испита потеклото на имотот?, рече Ивановска. бак/сп/

Фото: МИА

 

Остани поврзан