• понеделник, 30 декември 2024

Ковачевски: Потпишувањето на Договорот за Фронтекс е круна на заложбите за зачувување на македонскиот јазик

Ковачевски: Потпишувањето на Договорот за Фронтекс е круна на заложбите за зачувување на македонскиот јазик
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - Денес го потпишавме Договорот за Фронтекс на македонски јазик, без додавки, ѕвездички и фусноти. Македонскиот јазик и идентитет се зачувани и втемелени во европското законодавство. Тоа е ветувањето кое јас го дадов и тоа е ветувањето кое го исполнив, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.
Овој чин, како што истакнува Ковачевски, е круна на заложбите за зачувување и промовирање на македонскиот јазик на нашиот европски пат и го издигнува на врвно рамниште статусот на македонскиот јазик при службената употреба со европските институции.
-Ја заокружуваме заложбата на нашите претходници за еманципација на македонскиот јазик, македонската култура и идентитет на европско рамниште, истакна премиерот Ковачевски. дма/сст/

Остани поврзан