• недела, 22 декември 2024

Ковачевски: Победа која е резултат на многу труд и работа, но пред се љубов кон националниот дрес

Ковачевски: Победа која е резултат на многу труд и работа, но пред се љубов кон националниот дрес
Скопје, 24 март 2022 (МИА) - Каква сензација! Браво момци, браво! Вие сте вистински херои, оваа вечер покажавте што значи борбеност, желба, истрајност! Неверојатна победа која е резултат на многу труд и работа, но пред се љубов кон националниот дрес, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски по вечерашната победа на Македонската фудбалска репрезентација.
Премиерот упати честитки и за селекторот Милевски и целиот тим, посочувајќи дека оваа вечер нема никогаш да ја заборавиме.
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Палермо ја совлада Италија со 1-0 (0-0) и обезбеди пласман во финалето од баражот за пласман на Мундијалот 2022 против Португалија на 29 март. дма/

Остани поврзан