• понеделник, 23 декември 2024

Ковачевски од Рејкјавик: Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е инвестирање во безбедноста на Европа

Ковачевски од Рејкјавик: Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е инвестирање во безбедноста на Европа

Скопје, 17 мај 2023 (МИА) - Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија е инвестирање во безбедноста на Европа, истакнал премиерот Димитар Ковачевски на тралезната маса што зад затворени врати се одржа во Рејкјавик, а на која се разговарало за моделите за зачувување и развој на демократијата во време на огромни ризици по истата, во рамки на четвртиот Самит на Советот на Европа.

-Во дискусијата Ковачевски се осврна на обврската на сите земји силно да ја осудат агресијата против основните принципи на меѓународното право и светскиот поредок, меѓу кои и демократијата, како и да покажат солидарност и единство во одбраната на моралните вредности, посебно во време на глобални предизвици. Секоја форма на агресија и страдање на цивилно население, како средства за постигнување цел, беше оценета како  неприфатлива, информираат од владината прес-служба.

На тркалезната маса е нагласена важноста од брза интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, како инвестиција во зацврстување на безбедноста на Европа.

Со тркалезната маса ко-претседавале претседателот на Романија, Клаус Јоханес и премиерот на Луксембург, Хавиер Бетел, а учествувале претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, претседателката на Словачка, Сузана Чапутова, премиерите на Грузија, Иракли Гарибашвили, на Норвешк,а Јонас Гар Сторе и на Италија, Џорџија Мелони. дма/бак/

 

Фото: Влада на Република Северна Македонија

 

Остани поврзан