• сабота, 21 декември 2024

Ковачевски на средба со дијаспората во Италија

Ковачевски на средба со дијаспората во Италија

2 март 2024 


Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Рим, Италија, оствари средба со претставници на здруженија и асоцијации на дијаспората од Италија. На средбата присуствуваше  присуствуваше и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и прв заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.  


Ковачевски посочи дека СДСМ како државотворна и прогресивна партија се грижи за сите граѓани подеднакво, вклучително и за иселениците, додавајќи дека дијаспората има капацитет да придонесе за економски, културен и општествен развој на нашата земја.На средбата се дискутираше за актуелни прашања кои ги засегаат иселениците, како и за заложбите на Владата предводена од СДСМ во насока на негување на врските со дијаспората, што е важно за одржување на традицијата и културата, како и за афирмација на Северна Македонија. 


Во разговор со иселениците во однос на предизвиците за Северна Македонија во претстојниот период, Ковачевски ја потенцираше важноста за што побрза евроинтеграција на Северна Македонија и посочи дека очекува дијаспората да продолжи да дава поддршка за заокружување на евроинтегративниот процес на државата.  
Претседателот на СДСМ, Ковачевски, на средбата посочи дека на претстојните претседателски и парламентарни избори важно е да се избере концептот за интеграција и европска иднина, државата да го задржи вистинскиот, европскиот пат, што е важно и за дијаспората. Токму тоа е концептот со кој ќе настапи СДСМ, кој значи подобар животен стандард, интеграција на земјата, економски развој, европска иднина.

 

СДСМ
Центар за комуникации со јавноста

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан