• недела, 22 декември 2024

Ковачевски: Европските држави имаат инфлација како кај нас

Ковачевски: Европските држави имаат инфлација како кај нас
Скопје, 28 септември 2022 (МИА) - Ако погледнете во која било европска држава, инфлацијата е на исто ниво како што е кај нас. Над 20 проценти стапка на инфлација има Естонија, а таа е европска држава. Па и во регионот толку се стапките на инфлација. Ако ја погледнете инфлацијата базична во САД, на исто ниво е како и кај нас. На крај сите ќе завршат со стапки на инфлација со 10, 11 до 15 проценти, рече премиерот Димитар Ковачевски. Базичната инфлација, рече, се однесува на зголемени цени на енергенси и зголемени цени на храна и тогаш и изложеноста на инфлација е поголема. -Во Европа има недостиг од електрична енергија. Цената е висока затоа зашто има недостиг на базна електрична енергија. Во Европа има војна. Она што се случуваше со цевководите во северот во Европа ќе има влијание повторно на енормно зголемување на цената на гасот. Она што оваа Влада го прави е токму тоа – обезбедување непречено снабдување со енергенси за производство на електрична енергија од домашните капацитети. Затоа зашто ние имаме домашни капацитети со коишто располагаме. Тие капацитети не се во најдобра кондиција затоа што се по 50 години стари, бидејќи 30 години во државата не е инвестирано во нови енергетски капацитети, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања на вонредната прес-конференција. Нагласи и дека по 36 години првпат има успешен тендер за хидроцентрала Чебрен којшто е во фаза на евалуација. -Исто така, имаме првпат пуштање на големи фотоволтаици во системот, сега следува пуштање на една голема централа која беше предмет на негативна аукција, која е направена и само чека на приклучување на мрежата на МЕПСО или на ЕВН за да може да се користи. Веќе има стратешки проекти коишто се во финална фаза на одобрување што ќе одат на финално одобрување од страна на пратениците во Парламентот. Тоа е нешто што на државата ќе и обезбеди енергетска трансформација и која ќе и обезбеди во идните години непречено снабдување со електрична енергија. Бидејќи, да не заборавиме, ние со години сме увозници на електрична енергија, додаде премиерот. хс/дма/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан