• недела, 22 декември 2024

Ковачевски: Го осудувам секој говор на омраза, за навредите од претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ниту чека, ниту барам извинување

Ковачевски: Го осудувам секој говор на омраза, за навредите од претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ниту чека, ниту барам извинување

Скопје, 15 април 2024

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во своето обраќање на настанот по повод промоцијата на  Манифестот подготвен од Социјалдемократската младина на Македонија, порача дека го осудува секој говор на омраза особено ако тоа се однесува на жена.

„Сакам многу јасно да го осудам секој говор на омраза кој е искажан од било кој политичар или било кое лице во државата, особено кон жена и сакам да упатам порака тоа повеќе да не се случува“, рече Ковачевски. 

При тоа, Ковачевски посочи дека нема ги коментира навредите од кандидатката за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска, упатени кон него.

„За навредите кои ги има упатено кон мене претседателскиот кандидат на ВМРО – ДПМНЕ, нема да прокоментирам ништо, ниту очекувам, ниту барам извинување, од мене ѝ е простено“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан