• недела, 22 декември 2024

Ковачевски: Во најголем процент сме усогласени со Алијанса за Албанците, не разговаравме за кадровски решенија

Ковачевски: Во најголем процент сме усогласени со Алијанса за Албанците, не разговаравме за кадровски решенија

Скопје, 31 јануари 2023 (МИА) - Основните претпоставки на ова владино мнозинство се на линија на тоа што Алијанса за Албанци го застапува, а тоа е стратешкото партнерство со САД, продолжување на патот кон евроинтеграции, носење на сите реформски закони и на сите одлуки потребни за продолжување на патот кон ЕУ, изјави вечерва премиерот Димитар Ковачевски пред состанокот на Извршниот одбор на СДСМ, во одговор на прашањето околу  денешната средба со лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и можностите за приклучување на оваа партија во владејчката коалиција.

Премиерот напомена дека во најголем процент се усогласиле со Алијанса за Албанците, а во делот на сите други аспекти за можна соработка, разговорите ке продолжат.

-На состанокот со Алијанса за Албанците разговаравме најпрвин за текот на скрининг процесот кој државата го има со ЕУ, за претседавањето со ОБСЕ, за стратешкиот дијалог кој го водиме со САД и акциониот план кој се подготвува од Влада и зборувавме за можното проширување на владиното мнозинство со Алијанса за Албанците. Не разговаравме за кадровски решенија, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во текот на наредните денови ќе имаат состаноци и со Алтернатива.

Инаку, на денешната редовна седница на Извршниот одбор, како што рече, ќе разговараат за актуелните состојби во државата, но и ќе ги информира членовите на Ивзшрниот добр во однос на денешниот состанок со лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.бт/ар/

Остани поврзан