Ковачевски: Во вториот мој мандат просечната плата ќе биде 1.000, а минималната 600 евра
- По изборите, во вториот мој мандат, просечната плата ќе биде 1000 евра, а минималната 600 евра. Пензиите ќе продолжат да растат и не само што нема да имаме веќе ниту еден пензионер под праг на сиромаштија, туку пензиите ќе бидат достоинствени и далеку повисоки, изјави денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој заедно со допонителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, беше во посетата на компанијата „ДИЕМ-ГП“ во Гевгелија.
Гевгелија, 11 март 2024 (МИА) - По изборите, во вториот мој мандат, просечната плата ќе биде 1000 евра, а минималната 600 евра. Пензиите ќе продолжат да растат и не само што нема да имаме веќе ниту еден пензионер под праг на сиромаштија, туку пензиите ќе бидат достоинствени и далеку повисоки, изјави денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој заедно со допонителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, беше во посетата на компанијата „ДИЕМ-ГП“ во Гевгелија.
Како што рече Ковачевски, оваа компанија од прераборувачката индустрија, чии производи се препознатливи на македонскиот пазар и се извезуваат во повеќе од 40 земји низ целиот свет е доказ дека има поволна бизнис клима и дека државата е сигурен партнер и поддршка на домашните компании.
-За тоа најдобро говорат бројките. Во периодот од 2017 до 2023 година обезбедивме финансиска поддршка од 100 милиони евра за вкупно 919 компании кои резултираа во 500 милиони инвестициски циклуси за комапниите. Со тоа ја зголемивме отпорноста на домашните бизниси во време во кое светот се соочуваше со една од најголемите кризи, а дополнително се креираа и нови работни места, се генерираа инвестиции и се овозможи раст на платите, истакна лидерот на СДСМ.
Додаде дека со вакви правилни политики, просечната плата од 22.000 денари во времето на ДПМНЕ е зголемена на историски највисоки 40.000 денари.
-Минималната плата ја зголемивме од 8.000 денари на 22.500 денари. Само во земјава од цел регион имаше реален раст на плата за време на кризата. Ако реално ја земете куповната моќ, платата денес е повисока отколку пред три години. Воедно, пензиите ги покачивме во просек за 6.000 денари, а невработеноста ја преполовивме, подвлече Ковачевски.
Најави дека поддршката на компаниите ќе продолжи и досегашните 100 милиони, ќе се зголемат најмалку за 50 отсто за да можат домашните компании што повеќе да инвестираат и да се развиваат.
-Според последните податоци на Државниот завод за статистика, објавени во петокот, индустриското производство во јануари 2024 година во споредба со минатата година е пораснато за 2,8 отсто, а конкретно преработувачката индустрија бележи раст од 8,1 отсто. Овие бројки се дел од показателите дека македонската економија закрепнува и дека има потенцијал за раст. Владата предводена од СДСМ покажа дека знае да креира економски политики во партнерство со бизнис секторот и дека буџетската поддршка ја насочува кон реалниот сектор и кон компании кои може да стимулираат реален раст и да го зголемат извозот, рече претседателот на СДСМ.
Според него, подобар животен стандард е можен исклучиво со успешна економска приказна. Затоа Македонија не смее да се откаже од европскиот пат, не смее да се откаже од просперитетна иднина за младите, од здрава и силна економија по европски стандарди, со пристап до пазар од половинина милијарда луѓе. рт/аа/
Фото: МИА