• понеделник, 23 декември 2024

Ковачевски-Шоле: Фокусирани сме на продлабочување на билатералното партнерство

Ковачевски-Шоле: Фокусирани сме на продлабочување на билатералното партнерство
Скопје, 23 септември 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на 77. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, денеска се сретна со Дерек Шоле, американски советник за надворешна политика и автор, кој моментално работи како советник на Стејт департментот на САД. На средбата, на која присуствуваше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, е потврдено стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија. Потенцирано е дека Северна Македонија напредувала од земја која тежнеела да стане членка на НАТО, до сигурен, еднаков и способен сојузник. На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, Ковачевски и Шоле дискутирале за актуелните проекти за енергетска транзиција и животната средина. Двете земји ја повториле посветеноста во услови на светска енергетска криза за зголемување на енергетската диверзификација. Дискутирале и за важноста САД и Северна Македонија да ја прошират соработката и во доменот на образовните, културните и професионалните размени. Премиерот Ковачевски се заблагодарил за континуираната поддршка на САД, кој од 2019 година има инвестирано речиси 60 милиони долари во индустријата, инфраструктурата и иновациите. рп/бак/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан