• четврток, 21 ноември 2024

Ковачевски-Мецола: Силна поддршка од Европскиот Парламент за продолжување на европскиот пат 

Ковачевски-Мецола: Силна поддршка од Европскиот Парламент за продолжување на европскиот пат 

Скопје, 1 јуни 2023 (МИА) – Евроинтеграцискиот процес на земјава беше тема на разговор на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски со претседателката на Европскиот Парламент, Роберта Мецола, на маргините од вториот Самит на Европската политичка заедница кој се одржува во Кишињев, Молдавија.

-Мецола изрази силна поддршка да продолжиме по европскиот пат, соопшти владината прес-служба.

Оттаму информираат дека Ковачевски и Мецола се согласиле дека улогата на Собранието е клучна и оти одлуката која треба наредниот период да се донесе, е тешка, но државничка. 

Таа одлука, додаваат, е крајно обврска на секој пратеник поединечно, и на Собранието како законодавен дом во кој директно се претставени граѓаните, кои сакаат европска иднина и сакаат да живеат во земја членка на ЕУ, но тука, дома, во Северна Македонија. 

-Тоа не може да е одлука на еден човек, една влада или една партија и токму затоа и Ковачевски и Мецола ја потенцираа важноста на овој процес и апелираа до Собранието да ја донесе вистинската одлука која ќе овозможи просперитет и европска иднина за граѓаните на Северна Македонија, соопштија од владината прес-служба.

Во овој контекст, како што посочуваат, беше истакната и посветеноста на пратениците на Европскиот парламент за напредокот на земјата во процесот на пристапување во членството во ЕУ.вј/лв/

 

Фото: Влада 

Остани поврзан