• понеделник, 23 декември 2024

Кобахиџе: Интеграцијата во ЕУ останува приоритет на владата на Грузија

Кобахиџе: Интеграцијата во ЕУ останува приоритет на владата на Грузија

Тбилиси, 28 октомври 2024 (МИА) - Грузискиот премиер Иракли Кобахиџе денеска изрази оптимизам во однос на иднината на односите на Грузија со Европската унија и Соединетите Американски Држави, наведувајќи дека очекува квалитативно ресетирање на овие партнерства почнувајќи од првите месеци на следната година.

Кобахиџе истакна дека примарна надворешнополитичка цел на владејачката партија Грузиски сон останува интеграцијата во ЕУ.

„Очекуваме ресетирање на нашите односи, што верувам дека е неизбежно. Овој процес ќе добие значителен замав од следната година. Очекуваме војната во Украина да заврши порано од првично предвиденото. Веруваме дека нашите односи и со ЕУ и со САД, најдоцна во првите месеци од следната година, ќе претрпат квалитативно ресетирање, што е еден од нашите главни приоритети“, рече грузискиот премиер на првиот состанок на владата по парламентарните избори на 26 октомври, пренесува грузискиот јавен сервис ТВ1. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан