• понеделник, 23 декември 2024

Коалиција „Менуваме“: Наместо нов инклузивен центар за деца и лица со попреченост, Центарот ќе биде сместен во подрумски простории

Коалиција „Менуваме“:  Наместо нов инклузивен центар за деца и лица со попреченост, Центарот ќе биде сместен во подрумски простории

Скопје, 18 јануари 2024 (МИА) - Суарет Алишан од Коалицијата „Менуваме“ денеска реагираше дека наместо формирање на нов инклузивен центар за деца и лица со попреченост, којшто претходно бил изгласан од страна на Советот на Град Скопје, децата и лицата со попреченост ќе бидат сместени во подрумски простории на гимназијата „Јосип Броз Тито".

-Благодарение на најголемата партија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и останатите партии таму во Советот, ја изгласаа одлуката за формирање на модерен инклузивен центар за деца и лица со попреченост од 600 квадрати, за да после тоа да следува носење на одлука за проектот, да се презентира во Советот на Град Скопје којашто одлука не ја донесоа, изјави Алишан.

Вели наместо донесување на одлука за локацијата на центарот и формирање на мешовита институција која ќе подразбира поделба на одговорностите и менаџирање на центарот за деца и лица со попречености, Град Скопје без проектен план и содржина во која ќе го образложи функционирањето на центарот, донел одлука центарот да се смести во, како што рече, подрум од 50 квадрати.

-Решија нас децата и лицата со попреченост да нѐ сместат во тие подруми, наместо во услови што се предвидени согласно нормативите објавени на страната на Министерството за труд и социјална политика како треба да изгледа еден центар. Надвор од сето тоа, тие решија да го прават центарот. Како организација ова го детектиравме кога се носеше буџетот во Град Скопје, кој се донесе на шверцерски начин, кога увидовме дека не сме во тој буџет, изјави Алишан.

Најави дека Коалицијата ќе поднесе кривична пријава до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за, како што рече, заблудување на Советот и криење на ваквиот Центар, како и за непостоење на проект.

-Како Граѓанска организација ќе поднесеме кривични пријави до градоначалничката Арсовска, прво за заблудување на целиот Совет и криење за ваков центар. Исто така, за непостоење на проект кој треба да го прикаже центарот и истовремено за необјавување на тендер. Ние не знаеме која фирма го изведува тој проект. Второ, директорката на училиштето госпоѓата Силвана го нема запознаено Управниот одбор на училиштето, ниту пак Родителскиот одбор. Во ова училиште емигрираат 1.200 деца. Замислите кога децата ќе се пуштат на голем или мал одмор, по скалите кое стампедо ќе им се случува и кој стрес ќе го доживуваат децата со попреченост, рече Алишан. ра/бак/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан