• недела, 28 април 2024

Коалиција Вреди: Централен митинг в понеделник

Коалиција Вреди: Централен митинг в понеделник

Скопје, 20 април 2024 

Денеска се собравме овде, заедно, шефовите на изборната кампања во рамки на Коалицијата ВЛЕН, за да ја информираме пошироката јавност за централниот митинг што ќе се одржи во понеделник на 22 април, 2024 година.

За да бидеме максимално транспарентни пред граѓаните, сакаме да ве информираме дека, како што налага процедурата, поднесовме барање до Град Скопје за да го организираме централниот митинг на плоштадот Македонија, за сите да видат што значи извонреден митинг, со слободна волја и без притисок, додека корумпираната власт во бегство да види што значи народна поддршка, што тие одамна ја немаат.

Од Град Скопје до денес немаме никаков одговор, што значи дека одговорот е негативен, а ваквата одлука ја донеле градоначалничката Данела Арсовска, Блерим Беџети и Левица кои се во коалиција, во паника да ја спречат коалицијата ВЛЕН да го организира централниот митинг, знаејќи ја атмосферата и големата поддршка од граѓаните. Секој одговор што ќе дојде во понеделник ќе биде закаснет и тенденциозен поради краткото време за организирање.

Но, ние не остануваме со скрстени раце, заедно со нашите структури и народ, решивме да ја завршиме оваа исклучително позитивна кампања за претседател нигде друго освен овде, на нашиот плоштад, на плоштадот што гоноси името на нашиот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу, да ја најавиме победата на Коалицијата ВАЛЕН, со голем собир!

Повторуваме, централниот митинг ќе се одржи во Скопје, на плоштадот Скендербег, на 22 април, понеделник, во 20:30 часот. 

Дојдете и бидете дел од оваа голема 

ПРОМЕНА, бидејќи ВРЕДИ.

Коалиција Вреди

______________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан