• четврток, 26 март 2026

Коалицијата Национална алијанса за интеграција поднесе кандидатури за Гостивар

Коалицијата Национална алијанса за интеграција поднесе кандидатури за Гостивар

Гостивар, 13 септември 2025 (МИА) - По симболична прошетка по градските улици до седиштето на Општинската изборна комисија, претставници на коалицијата за Национална алијанса за интеграција ги предадоа кандидатурите за претстојните локални за градоначалник и членови на советот на Општина Гостивар.

Кандидат за градоначалник е Ваљбон Лимани (актуелен градоначалник) кој припаѓа на крилото на Алијанса за Алабанците кое го преводи Арбен Таравари. Носител на листата за членови на општинскиот совет е Валдет Џафери, актуелен претседател на огранокот на ДУИ.

-Оваа кандидатура е базирана на желбата дека ќе го направиме најдоброто за Гостивар во мандатот што доаѓа наредните 4 години и ќе му се посветиме на нашиот град. Ќе има многу проекти, ќе се работи на трансформација на општината. Се надеваме дека по предизборните кампањи ќе следи период во кој ќе го реализираме тоа што до сега не било направено во Гостивар, рече Лимани.

Ваљдет Џафери за листата која ја предводи рече дека се работи за исклучително квалитетни лица целосно станува збор за комополитски сотав. Тој не не сакаше да прогнозира колку места ќе освојат.

Освен, Лимани во трката за функцијата градоначалник на општина Гостивар во трка се и Себаедин Даути од коалицијата ВРЕДИ. Нивната листа со 23 имиња ја предводи Башким Хасани поранешен истакнат челн на ДУИ. Како независен кандидат во трката влезе и Висар Адеми, кој засега нема поддршка од листа за советници.

Листи со кандидати до вчера имаа поднесено СДСМ со носител Бојан Зафировски и коалицијата која ја предводи ВМРО ДПМНЕ, чиј носител е Мартин Андоновски, актуелен секретар на УМС. згм/сст/
фото МИА

 

Остани поврзан