Книжевна манифестација „Валандовско поетикување“
- Во Домот на културата „25 Мај“ во Валандово денеска ќе се одржи третото издание на книжевната манифестација „Валандовско поетикување“.

Скопје, 20 декември 2023 (МИА) – Во Домот на културата „25 Мај“ во Валандово денеска ќе се одржи третото издание на книжевната манифестација „Валандовско поетикување“.
Настанот е во организација на Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ во соработка со Општина Валандово.
На поетското читање планирано е да настапат десетмина реномирани поети и автори од Струмица, Валандово и регионот, познати на книжевната јавност. Најавен е и Петрос Голицис од Грција.
– Од исклучителна важност се ваквите книжевни манифестации кои се одговор на стратегиите за децентрализација на културата, а се реализираат со цел подигање на духот на граѓаните, нивно позитивно анимирање и оттргнување од секојдневните проблеми со кои секој од нас се соочува, велат организаторите.бт/aa/
Фото: Плакат