• недела, 22 декември 2024

„Клупата на Горан Стефановски“ го започна своето патување од Лондон за Скопје

„Клупата на Горан Стефановски“ го започна своето патување од Лондон за Скопје
Скопје, 24 февруари 2021 (МИА) - „Клупата на Горан Стефановски“, малото, но сепак големо спомен обележје на македонскиот литературен лауреат, го започнува патешествието од Лондон до Скопје, информираат од Општина Центар. Симболичната клупа-споменик, е излеана и се наоѓа во Лондон, а ќе биде поставена во паркчето спроти бараките на Општина Центар, веднаш до чинарот, кој на роденденот на Стефановски – 27-ми април, беше засаден во знак на сеќавање на доајенот на македонската литература. Роден во Битола, на 27-ми април 1952-ра година, Горан Стефановски останува еден од најпознатите и признати македонски академици, писатели, професори и драматурзи. Автор е на многу текстови и драми, меѓу кои и „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на детската ТВ-серија, „Бушава азбука“. ар/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан