• сабота, 18 мај 2024

Клубот Илинден организатор на вториот Октомвриски коњички турнир

Клубот Илинден организатор на вториот Октомвриски коњички турнир
Скопје, 9 октомври 2021 (МИА) – Клубот за коњички спорт Илинден од Скопје, утре (10 октомври) на скокалиштето што се наоѓа веднаш до полициската станица за дресура на службени кучиња, ќе го организира вториот Октомвриски коњички турнир и 6. коло од отвореното Државно првенство во прескокнување на пречки за 2021 година. Почетокот на натпреварувањето е закажан за 11  часот. На програмата се четири натпревари во прескокнување на пречки во Класите А, Б, Ц и Д со височина на пречките од 1,00 до 1,20/1,30 м со можни два баража. зс/  

Остани поврзан