• понеделник, 23 декември 2024

Клоп по поразот од Борнмут: Ако Ливерпул научи нешто во една сезона, тоа е како да се справи со неуспесите

Клоп по поразот од Борнмут: Ако Ливерпул научи нешто во една сезона, тоа е како да се справи со неуспесите

Ливерпул, 12 март 2023 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е разочаран по вчерашниот пораз од Борнмут (0:1) во 27. коло на англиската Премеир лига.

 

- Многу сум разочаран. Не одигравме како што сакавме. Сите 95 минути постапивме точно како што му требаше на Борнмаут. Само неколку пати во неколку минути го направивме она што самите го сакавме. Тие фуриозно се бореа ја покажа својата мајсторија со топката. Не можевме да ги задржиме во првата фаза, па моравме да се вратиме во дефанзива. Изгубивме и тоа е многу, многу фрустрирачки. Ние сме во сегашната ситуација поради нашите неуспеси. Ги имаше премногу. Сега треба да се справиме со оваа ситуација и ќе го направиме тоа. Ако нешто научивме оваа сезона, тоа е како да се справиме со неуспесите. Овој пораз е болен удар. Како велат тие? Мора да го преземете ударот, да ја процените големината на лузната и да продолжите понатаму, нагласи Клоп.

 

Ливерпул со 42 бода од 26 натпревари во моментов е на 5. место во Англиското фудбалско првенство, со шест бода и натпревар помалку од најблискиот четвртопласираниот Тотенхем, најблискиот тим кој е во зоната на Лигата на шампиони. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан