• петок, 22 ноември 2024

Кличко: Од почетокот на руската инвазија во Киев загинаа повеќе од 100 цивили

Кличко: Од почетокот на руската инвазија во Киев загинаа повеќе од 100 цивили
Киев, 28 март 2022 (МИА) – Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека повеќе од 100 луѓе загинале во главниот град на Украина откако Русија ја нападна Украина. Тој додаде дека од избивањето на војната во Киев се уништени 82 повеќекатни згради. Од почетокот на инвазијата во Киев загинале четири деца, а 16 повредени деца се во болница, рече Кличко. Тој додаде дека владата не можела да идентификува повеќе од 20 тела во Киев. Би-Би-Си потенцира дека тврдењата не можат да се потврдат од независни извори. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан