Клиниката за инфективни болести демантира дека во модуларната болница се случила хаварија
- Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС) реагираа на информациите објавени на една телевизија дека во модуларната болница во склоп на Клиниката е избегната хаварија, со
- Модуларната болница која е помошно инфективно одделение на КИБФС од пуштањето во употреба трипати беше отворана и затворана согласно потребите за третирање пациенти. Во еден период во модуларната болница се одвиваше и вакцинација на здравствените работници, посочија од КИБФС.
На КИБФС вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. Капацитетот на Клиниката е 100 болнички кревети, а на модуларната болница кое е помошно инфективно одделение 70 болнички легла. Инфективна клиника ја става во употреба модуларната болница кога е исполнет капацитетот на Клиниката и другите ковид болници во градот. Во последниот период доволниот број на слободни места овозможи затварање на модуларната болница. Модуларната болница во моментов се дезинфицира и се спроведуваат стандардни процедури за нејзино одржување.
Поради намалување на бројот на хоспитализации во изминатиов период затворени се и други ковид центри во склоп на Клинички, како и низ државата, бидејќи рационално мора да се користат ресурсите како и здравствените работници.
КИБФС апелира медиумите да се воздржат од сензационалистички наслови и текстови кои непотребно креваат паника и предизвикуваат страв кај граѓаните.см/дма/