• четврток, 26 март 2026

Клингбајл: Германија ќе се вклучи во безбедносните гаранции за Украина

Клингбајл: Германија ќе се вклучи во безбедносните гаранции за Украина

Киев, 25 август 2025 (МИА) – Германскиот вицеканцелар Ларс Клингбајл денеска во Киев изјави дека Берлин, заедно со европските партнери, ќе биде дел од безбедносните гаранции за Украина.

- Важно е да постојат безбедносни гаранции дека Украина повеќе нема да биде напаѓана и оти (Владимир) Путин повеќе нема да се осмели да ја нападне Украина, наведе Клингбајл за време на неговата прва посета на Украина.

Клингбајл, кој е и министер за финансии на Германија, истакна дека за да се постигне тоа треба да се подобри украинската армија и да се зголеми производството на оружје во Украина.

Тој додаде дека секој процес на преговори треба да почне со прекин на огнот.

Мислам дека сè уште имаме долг пат пред нас, бидејќи сè уште не можам да замислам дека Владимир Путин ќе се предомисли, одеднаш ќе се покае, одеднаш ќе посака да води вистински, сериозни и одржливи мировни преговори, потенцира Клингбајл. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан