• понеделник, 23 декември 2024

Клименко: Шест лица, вклучително и бебе, загинаа во руско гранатирање на Херсон

Клименко: Шест лица, вклучително и бебе, загинаа во руско гранатирање на Херсон

Херсон, 13 август 2023 (МИА) - Руските сили денеска гранатираа две села во јужната украинска област Херсон, при што загинаа шест цивили, меѓу кои и едно бебе, соопштија украинските власти.

-Брачна двојка и нивното бебе, старо само 23 дена, како и еден маж, загинаа во селото Широка Балка, изјави министерот за внатрешни работи Ихор Клименко.

Второто дете на загинатата брачна двојка, 12-годишен син, е тешко ранет.

Две лица загинаа, а едно лице е повредено во соседното село Станислав, што, според Клименко, дури 12 пати било погодено од артилериски оган.

„Терористите никогаш доброволно нема да престанат да убиваат цивили“, напиша Клименко на каналот Телеграм, постирајќи и две фотографии од оштетени куќи.

„Терористите мора да бидат запрени. Со сила. Тие не разбираат ништо друго“, додаде тој.

Украинската армија во ноември минататра година ја поврати контролата врз западниот дел од областа Херсон, но руските  сили и натаму редовно да ја гранатираат областа од другата страна на Дњепар. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан