Клименко: Тројца загинати и четворица ранети во руски напад во Сумската област
- Три лица загинаа во руски напад врз Сумската област, во североисточна Украина, соопшти украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.
Киев, 9 февруари 2024 (МИА) – Три лица загинаа во руски напад врз Сумската област, во североисточна Украина, соопшти украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.
Тој на Телеграм информира и дека има четворица ранети.
Жртвите се наоѓале во земјоделско претпријатие кое било погодено во нападот. јт/
Фото: Телеграм скриншот