• четврток, 04 декември 2025

Кирјос се откажа од турнирот во Вашингтон

Кирјос се откажа од турнирот во Вашингтон

Вашингтон, 18 јули 2025 (МИА) - Австралискиот тенисер Ник Кирјос се откажа од турнирот во Вашингтон. Триесетгодишниот Австралиец нема да игра во сингл. 

Исто така на турнирот во американската престолнина нема да игра ниту Џордан Томпсон.

Тој и Кирјос ќе бидат заменети во главниот ждреб од Александар Ковачевиќ и Јошихито Нишиока.

Турнирот во Вашингтон ќе се одржи од 21 до 27 јули. Наградниот фонд е 2.4 милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан